
На 28.03.2024 година во периодот од 12:00 до 19:00 часот на повеќе локации во Струмица и општините Босилово и Василево, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица спроведоа превентивни активности во рамки на кампањите „Стави појас – вози безбедно“ и „Стоп за возењето под дејство на алкохол“.

Активностите беа реализирани во соработка со РСБСП и поддршка на правен субјект од село Радово, струмичко, при што на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина.
Целта на овие активности е да се подигне свеста кај возачите кои управуваат моторни возила, укажувајќи им за обврската од почитување на сообраќајните правила и прописи.

Во активностите се вклучи и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој во текот на вчерашниот ден го посети овој регион.