Словачкиот министер за надворешни работи, Јурај Бланар, при посета на Белград, во однос на ставот на Словачка за прашањето за Косово порача дека тој не е променет и дека неговата земја не го признава Косово како независна држава, пишува српскиот портал Политика.
– Нашиот став останува непроменет. Го поддржуваме дијалогот меѓу Белград и Приштина – изјави Бланар.
Словачкиот шеф на дипломатијата додаде дека неговата земја се залага за интеграција на Балканот во европските структури.
Сакаме да ја помогнеме интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, особено на Србија како многу важна земја, да напредува многу побргу од моментално – рече Бланар.