Ставрески: Македонија ќе остане земја со најниски даноци

Македонија и понатаму ќе остане земја со најниски даноци во Европа, а реинвестираната добивка и понатаму нема да се оданочува. За домашните фирми се предвидени нови 100 милиони евра субвенционирани кредити со каматна стапка од само 5,5 отсто субвенционирана од буџетот. Ќе се обезбедат дополнителни 10 милиони евра, средства кои исто така ќе бидат наменети за домашните фирми кои се занимаваат со откуп и извоз на земјоделски производи, како и оние кои се занимаваат генерално со извоз од Република Македонија, истакна Зоран Ставрески на денешната прес-конференција во Струмица.

Тој додаде и дека во новата програма е предвидено и намалување на казните за домашните фирми, што би значело намалување на казните за малите субјекти, бидејќи истите ќе се одредуваат пропорционално како процент од вкупниот приход и големината на претпријатието.