Раст на индустриското производство до крајот на годината и уште поинтензивен раст следната година, очекува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Ставрески оценува дека растот на индустриското производство ќе помогне да се оствари вкупниот раст на БДП што го проектиран на околу 3 до 3,5 отсто
„Сите мерки и политики, вклучувајќи го и одржувањето на ниски даноци и обезбедувањето евтини кредити, како и излегувањето на европската економија од рецесија, помагаат македонската индустрија постепено да фати залет и да се врати во позитивната зона. Во индустријата има добар тренд во текот на целата година, посебно во втората половина и имаме заживување на индустриското производство и зголемен број на нарачки“, истакна Ставрески, по пуштањето во употреба на реконструираниот граничен премин Блац