Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ4, Зоран Ставрески, денеска пред струмичани ги презентираше мерките за самовработување, кои нудат шанса младите лица до 29 години да отворат сопствен бизнис.
„Во изминатиот период се обезбеди поддршка од по 3.000 евра за започнување на сопствен бизнис во вид на грант или, пак, 5.000 евра преку кредити за самовработување, кои за младите лица ќе бидат и зголемени во следниот период. Износот за сите лица кои имаат до 29 години и сакаат да започнат сопствен бизнис ќе биде зголемен на 7.000 евра по лице. Ако вработи до 4 лица, за сите лица по 4.000 евра. Тоа се вкупно 23.000 евра за фирма којашто ќе ја основа младо лице со 4 вработени, изјави Ставрески.
Ставрески воедно посочи дека младите од Струмица засега се најуспешни во реализација на проектот за самовработување, а оваа мерка ја искористиле стотици лица од струмичко.