Ставрески: СДСМ веќе не може да го избегне соочувањето со народот

Ставрески: СДСМ веќе не може да го избегне соочувањето со народот

Постигнат е добар договор. Добар пред се за Македонија и за граѓаните.  Договор кој ќе го врати мирот и спокојството на луѓето, напиша министерот за финансии Зоран Ставрески на својот ФБ профил.

951500mail.google.com

 

-Никој нема право да го нарушува нивниот живот, да предизвикува да живеат во грч, неизвесност и нестабилност.  Договор кој ќе ја врати стабилноста и предвидливоста. Тоа ќе ги охрабри инвеститорите да продолжат со инвестиции и отварање на работни места.  Договор со кој е сочувана евроатлантската перспектива на Република Македонија. СДСМ веќе не може да го избегне соочувањето со волјата на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ останува силна и сплотена. Народот ќе го каже својот збор на 24.04.2016, напиша Ставрески.