Отворени 2.500 нови работни места во Велес во изминативе неколку години. Со германската Маркарт оваа бројка ќе надмине 3.000 вработувања.
Според министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески, овие бројки се знак дека се враќа надежта во градот кој од некогашен индустриски центар се претвори во синоним за катастрофално спроведената приватизација.
Околу 900 велешани работат во кавадаречки Дрекселмарер, 300 турската Ронтис, 600 ќе работат во Маркарт, уште 900 лица добија работа преку владините програми на Агенцијата за вработување, а 250 работници добиле работа благодарение на евтините кредити кои преку ЕИБ ги обезбди државата.
Активните мерки за вработување и новите инвестиции отвараат работни места и во другите градови. Според последните податоци на АВРМ, преку нивните програми досега се отворени над 7000 работни места. Странските инветситори само во зоните до крајот на годината ќе вработуваат околу 3500 луѓе. Со реализација на новите инвестиции во Охрид, Струга, Кичево, Тетово, Скопје, Ранковце и Штип, бројката на работници во зоните ќе надмине 10.000 лица.