
Вицепремиерот Зоран Ставрески, информира дека се обезбедени средства за исплата на сите лозари кои имаат договор со Повардарие за грозјето кое е претходно продадено.
„Исплатата на средствата ќе почне во среда, а ќе заврши во петок, преку Стопанска банка АД Битола. Сите лозари треба да отворат трансакциски сметки, банката работи и денес. Ќе се информираат во Банката кога точно можат да ги подигнат средствата. Исплатата за првата група почнува во среда, па во четврток и петок“, рече Ставрески.
На тој начин ќе се реши прашањето на исплата на долговите на Повардарие кон лозарите.