Ставрески: Во Македонија на автопатите работат 1.500 работници

Градежништвото со години е стожер на македонската економија, заедно со странските директни инвестиции и извозот.

Ова го истакна министерот за финансии Зоран Ставрески на гостувањето во вестите на Сител, кој потенцираше дека дури повеќе од 25 индустриски гранки зависат од градежништвото.

До сега Владата одвојуваше средства од буџетот за да се стимулира градежништвото, во период на светска економска криза, а со тоа да се отворат работни места и да се отвори пазарот.

-Може да се очекува продолжување со ваквите политики. И понатаму ќе има многу пари од буџетот. Годишно преку 340-350 милиони евра наменети за капитални проекти, а плус на тоа има околу 200-250 милиони евра капитални проекти кои што ќе се релаизираат надвор од буџетот преку Јвани претптијатија и акционерски друштва во државна сопственост. Еден пакет од речиси 600 милиони ерва секоја година работат за македонските градежни компании. А тоа создава и дополнителна работа за Бетон, Гранит за Трансмет и за сите домашни компании, подвлече тој.

Илјадници работници се вклучуваат во овие пркети, а како што подвлече Ставрески во моментов само на патиштата работат околу 1500 работници, а за уште 500 работници постојано има оглас.

Се градат и училишта, здравстевни објекти, комунална инфраструктура а сето тоа е добар амбиебнт за градежништвото и тој тренд ќе продолжи и следната година, потврди министерот Ставрески.