Ставрески во работна посета на Пробиштип

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе престојува во работна посета на Пробиштип.

Во рамки на посетата, вицепремиерот Ставрески ќе присуствува на пуштањето во употреба на погон во фабриката за производство на акумулатори ТАБ МАК и на поставувањето камен-темелник за асфалтирање улици во пробиштипското село Добрево.