Ставревски: Нема да дозволам моето име да биде злоупотребено во политички манипулации

Началникот на СВР Скопје Ристе Ставревски во изјава за КУРИР вели дека поради политички мотиви нема да дозволи да биде злоупотребено неговото име.

-Во последниот период поради политички мотиви во јавноста има постојани напади на мојата чест и углед. Јас тоа нема да го дозволам. Како повеќегодишен припадник на Министерството за внатрешни работи во кое мојата углед и чест досега не биле нарушени, како човек без ниту една истрага против мене, без ниту еден постапка пред јавното обвинителство и како човек без ниту една пропишана казна и санкција за досегашната работа во службата, припадник на МВР кој поседува безбедносен сертификат со повеќе награди и признанија за успешна работа нема да дозволам моето име да биде злоупотребено во политички манипулации, вели Ставревски.

Тој додава дека на секоја лага ќе одговори со вистина и нема да дозволи да се валка и честа на неговите соработници и службата и министерството во кое работи, но и дека ќе поднесе тужба против дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска.

-Ќе бидам приморан поради неосновани клевети да покренам приватна тужба кон изворите на таквото манипулирање доколку истите тие не се извинат во законски пропишаниот рок, вели Ставревски во изјава за „Курир“.