![stavreski500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/stavreski500.jpg?resize=500%2C278&ssl=1)
Мерката за отпис на долговите на најранливите категории граѓани, социјалците, невработените по двајца каде што се во семејство или еден невработен самец или оние кои имале тешка состојба во семејството е реална и потребна за најсиромашните категории граѓани, изјави носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 4, Зоран Ставревски, во струмичко Ново Село.
Според него нема причина СДСМ да биде против таа мерка и да биде против народот и граѓаните, бидејќи, како што изјави Ставрески, тие заслужуваат поддршка, заслужуваат да им бидат отпишани долговите, пренесува МИА
„Ние преку ослободување од даноци на приватните фирми ќе го постигнеме тоа и на граѓаните кои спаѓаат во овие категории до крајот на септември целосно ќе им бидат отпишани обврските така како што ВМРО-ДПМНЕ ветува во програмата, рече Ставрески.
Тој додаде дека проектот не би бил во програмата доколку не се сигурни дека може да се реализира и дека е во корист на граѓаните