Соединетите држави не сакаат мировниците на Обединетите нации во Либан на кој и да е начин да бидат изложени на опасност, вклучително и напади од Израел, соопшти во понеелникот Стејт департментот, додавајќи дека мисијата игра важна улога во воспоставувањето безбедност во земјата.
Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, исто така, рече дека САД оцениле дека израелските копнени операции во Либан досега останале ограничени, иако се чинело дека израелските сили се подготвени да ги прошират копнените напади во јужен Либан на годишнината од почетокот на војната во палестинската енклава Појасот Газа.
Додаде дека Вашингтон јасно му ставил до знаење на Израел дека сака патот до аеродромот во Бејрут да остане отворен за сообраќај.
Привремените сили на ОН во Либан (UNAFIL) во неделата соопштија дека се длабоко загрижени поради „неодамнешните активности“ на Израел во близина на позициите на мисијата во Либан.
„Не сакаме да видиме како силите на UNAFIL се изложени на опасност. Тие играат важна улога во воспоставувањето безбедност во Либан“, им рече Милер на новинарите во понеделникот.
Советот за безбедност ја овласти мисијата да ѝ помогне на либанската армија да ја задржи областа без оружје и вооружен персонал, освен оние на либанската држава. Ова предизвика тензии со политички влијателното и воено моќно проиранско шиитско движење Хезболах, кое го контролира јужниот дел на Либан.
Мировните сили на Обединетите нации во Либан (UNIFIL), кои ја надгледуваат областа од 1978 година, уште во јануари годинава го прогласија вториот највисок степен на тревога.
Израелската војска побара од мировните сили на ОН минатата седмица да се подготват за поместување на повеќе од пет километри од границата меѓу Израел и Либан, позната како Сина линија, што е можно поскоро, пренесува Reuters.
Во четвртокот шефот на мировната мисија на ОН изјави деека остануваат на позициите и дека ја осигуруваат единствената комуникациска врска меѓу војските на двете земји. Жариштето на војната сѐ повеќе се префрла на северот на Либан, каде што израелските сили разменуваат оган со Хезболах откако борбените единици на движење лансираше проектили за поддршка на сунитски Хамас минатиот октомври.
Хезболах им нареди на борците да не ги гаѓаат израелските сили во близина на мировните бази на ОН во либанскиот пограничен град Марун ал-Рас, изјави еден од командантите на групата за либанската телевизија Al Mayadeen. Во соопштението групата го обвини Израел дека користи мировници како жив штит, и од тие позиции ги изведува своите напади.