Стејт департментот нареди дел од персоналот во амбасадата да ја напушти Украина

Американскиот стејт департмент нареди персоналот кој нужно не е неопходен да ја напушти амбасадата на САД во Киев, објавено е на Twitter во саботата.

„Стејт департментот денеска му нареди на американските службеници во амбасадата, чијашто работе не е поврзана со основите активнист, да ја напушто земјата поради континуираните извештаи за зголемување на военото присуство на Русија на границата со Украина, што укажува на можноста од значителни воени дејствија“, се наведува во објавата на американската дипломатија.

Ден претходно америкаснкиот претседател Џо Бајден ги повика американските државјани да ја напуштат Украина, а неговито советник за национална безбедност Џејк Саливан малку подоцна додаде дека тоа треба да го сторат веднаш.

Бројни западни земји, како Велика Британија, Канада, Финска, Латвија, Холандија, Германија, Израел, Естонија, Јапонија, Австралија и други, го следеа примерот на САД и издадоа слични повици, а некои најавија евакуацијата на дипломатските претставништва.

Последните месеци ескалираше тензијата во односите меѓу Западот и Русија, во атмосфера кога Вашингтон и Брисел ја обвинуваат Москва дека наводно подготвува „инвазија“ врз Украина и оти трупа единици на границата со соедната држава.

Во тој контекст американскиот претседател Џо Бајден, кој подоцна во саботата ќе има телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин, во текот на изминатата ноќ ги предупредил западните челници дека „Русија ќе започне физички напад врз Украина веќе на 16-ти февраури“. Соговорниците на американскиот претседател биле скептични во врска со таквите процени на американското разузнавањеа, пишува весникот Politico.

Во истиот дух, во контекстот на објавените нови сателитски снимки од средата и четвртокот кои наводно докажуваат ново прераспоредување на руски трупи во близината на украинската граница и постигнување на целиот потребен капацитет за „руска инвазија“, НАТО го засилува военото присуство на своето источно крило, односно во близина на руските граници. Така, беше објавено дека САД, покрај најавените, ќе префрлат уште 3.000 војници во Полска и упатија четири воени разурнувачи во Европа.

Русија ги отфрла таквите тврдења и порачува дека во Киев не ги почитуваат договорите од Минск од 2014-та и 2015 година, и прупедува дека украинските власти концентрираат половина од армискиот состав во близина на линијата на раздвојување со проруските бунтовници и дека спорадично отвораат оган од оружја коиште се забранети со споменатите мински мировни договори.

Во Кремљ оценуваат дека постојаното западно инсистирање на веќе подготвената „руска агресија“ која може да се случи во „секој момент“, има цел да се зголеми военото присуство на НАТО и САД во близина на руските граници. Москва, исто така, предупредува дека главната причина за ескалацијата се активностите на западни земји кои ја снабдуваат Украина со офанзивно оружје туркајќи ги властите во Киев кон воени авантури, односно воено решение на конфликтот во пограничната одментната укаинска област Донбас, доминантно населена со руско и рускојазично население.