Стејт департментот објави извештај за „основите на руската пропаганда“

Американскиот Стејт департмент во средата го објави извештајот „Основи на рускиот екосистем на дезинформација и пропаганда“, во кој го систематизира својот концепт за наводанта руска пропаганда, а под дефициницијата „пропаганда“ особено ги подведува руските медиум со државно финансирање.

Центарот за глобален ангажман при американскиот Стејт департмент ноќта кон четвртокот објави извештај на 77 страници, во кој се опишува како, наводно, работи и какви средства за комуникација користи руската пропаганда и дезинформација. Според Центарот „петте столбови на руската пропаганда“ се: официјални владини комуникации како Кремљ, Министерството за надворешни работи, официјалните владини акаунти на социјалните мрежи; меѓународиониот етер како државно финансираните медиуми чија цел се домашен и странски аудиториум и меѓународните социо-културни институции; развој на прокси-ресурси како центри за јазици и распространување наративни информации; користење на социјалните мрежи како оружје; дезинформација во сајбер-просторот.

Се истакнува дека сите пет столбови се координираат за создавање мултиплициран ефект во медиумите. Се опишува како „прокси-ресурсите заемно дејствуваат еден со друг, го зголемуваат нивото на штетни содржини и создаваат илузија на доверба“.

„Рускиот екосистем на дезинфорамција и пропаганта е збир на официјални, импровизирани и неатрибутирани канали за комуникација и платформи кои Русија ги користи за создавање и засилување на лажни стории…. Кремљ е директно одговорен за култивирањето на овие тактики и платформи како дел од неговата програма за користње на информациите како оружје“, се наведува во извештајот.

Посебно како пример за дезинформации се наведуваат наслови од меѓународната руска новинска агенција Sputnik, агенцијата РИА, телевискиот канал RT, Првиот канал (на јавната телевизија), Россия 24 и други.

Интересно е што во овој извештај е наведена информацијата на агенцијата РИА којашто повикувајќи се на извори во англиските здравствени власти објави дека британскиот премиер Борис Џонсон бил ставен на вештачка вентилација на белите дробови. Тогаш агенцијата бараше официјални информации, кои не беа потврдени, ниту негирани. Потоа во средината на април самиот Џонсон кој три ноќи мина на интензивна нега поради Covid-19 објави дека на лекарите „им го должи животот“, како и дека имало план што да се прави доколку почине.

Според Стејт департментот на „руската дезинформација“ ѝ се спротиставуваат организирани напори, коишто САД „имаат намера директно да ги помогнат“.

„Екосистемот за дезинформриање и пропагандат што Русија продолжува да го култивира не останува без свои противници. Со него се соочува просперитетната заедница со спротиставувањето на дезинформациите, која се состои од влади, организации на цивилното општество, научници, медиуми, приватен сектор и граѓани во целиот свет, кои одбиваат да ги трпат овие тактики. Стејт департментот го предлага овој извештај како придонес во овие заднички напори“, се вели во документот.

Претходно Стејт департментот побара буџет од 138 милиони долари за фискалната 2021 година за „спротиставување на дезинформациите и пропагандата од Русија“.

Руското министерство за надворешни работи и Кремљ и во минатото повеќепати ги негираа обвинувањата за дезинформации, па дури и во врска со пандемијата на коронавирусот.

Тие потсетуваат дека во САД со децении постои државна агенција за информирање во странство (чие емитување порано не беше дозволено на американска територија), чија матична структура ја сочинуваат „Гласот на Америка“ и „Слободна Европа“. Двете компании и нивните медиуми Русија ги вклучи на листата ткн „странски агенти“ односно, медиуми, здруженија и организации кои дејствуваат на руска територија а се финансирани од странски влади и извори, и според законот мораат јавно тоа да го истакнат и да дадат јасен финансиски отчет.

Москва потсетува и дека организацијата која од 1994 година се нарекуваше Совет за управување со радиодифузни прашања (BBG), во 2018 година беше преименувана во Аганција на САД за глобални медиуми (USAGM). Во нејзините рамки се произведуваат телевизиски програми, но речиси исклучиво интернет-објави. Агенцијата е целосно финансирана од американскиот буџет кој според податоците од 2017 година имала трошоци од 749 милиони долари.