Американскиот Стејт департмент ја одобри продажбата на борбените млазни авиони „F-35“, муниција и соодветната опрема на Чешка во раките на договорот чијашто вредност се проценива на 5,62 милијарди долари, објави Пентагон во четвртокот.
Агенцијата за одбранбено-безбедносна соработка при Пентагон го извести Конгресот за можната продажба во четвртокот. Главните добавуваи ќе бидат компаниите „Lockheed Martin“, „Raytheon“ и „Boeing“.
Чешката влада минатата 2022 година објави дека сака да купи од САД 24 авиони „F-35“, за да ги замени ловците „Gripen“ кои ги произведува шведската компанија „Saab AB“.
Пакетот, кој го одобрил Стејт департментот, исто така, содржи резервен мотор, 70 ракети „AIM-120-C-8“ од типот „воздух-воздух“, разни видови бомби, резервни делови и техничка поддршка, објави Пентагон. Меѓутоа, одобрувањето од Стејт департментот не значи и нужно дека договорот е потпишан или дека преговорите за купопродажбата се заокружени.
Според некои безбедносни аналитичари во Европа, американскиот одбранбено-индустриски комплекс ја искористи руската инвазија во Украина, зголемениот страв на континентот од руската закани и масивната воена помош за украинската војска да ги понуди своите воени системи како замена за застарените и предадените системи од европско прозиводство.