Стејт департментот на САД одобри можност за продажба на три повеќекратни ракетни фрлачи ХИМАРАС на Украина за 30 милиони долари, објави во петокот Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка (DSCA).
„Стејт департментот донесе одлука да одобри можна итна странска воена продажба на Владата на Украина на артилериски ракетни системи со висока подвижност (ХИМАРС) и сродни елементи на логистика и програмска поддршка за проценета цена од 30 милиони долари“, посочи Агенцијата која е специјализирана за опремување на странските безбедносни сили..