Се преземаат сите мерки и активности за побрзо работно ангажирање на вработените и заштита на капиталот и правата на работниците на „Фени Индустри“ АД Кавадарци како клучен сегмент во овој процес, соопшти во неделата привремениот стечаен управник, Мирослав Анастасиевски.
Во однос на доверителите, согласно Законот за стечај, од денот на објавување на огласот во „Службен весник на Р. Македонија“ од 30.11.2017 година, тече рокот за пријавување на побарувања.
Во Законска рамка ќе биде изготвена конечната листа на доверители која ќе биде поднесена до Основниот суд Велес и ќе биде објавена на „е-стечај“, за што јавноста ќе биде благовремено известена.