Стеф Кари најмалку уште две недели надвор од кошаркарските терени

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс Стеф Кари не се опоравува брзо од повредата како што посакуваат навивачите на тимот и паузата че трае уште најмалку уште две недели пауза.

Кари на 14 декември доживеа дислокација на левото рамо на мечот против Индијана.

Од Голден стејт соопштија дека на Кари ќе му бидат потребни уште две недели рехабилитација. Тогаш кошаркарот ќе оди на контрола по која ќе знае дали ќе може да се врати на теренот.

Неиграњето на Кари е сериозен удар за Голден стејт на кој оваа сезона не му оди најдобро, барем не досега. Имаат 15 победи и 18 порази.