Некаде при крајот на колумната
Новиот министер има само една патека за да ги реши проблемите. Веднаш да заборави на дебати и семинари, туку со конкретни луѓе кои можат да ги перципираат проблемите и точно да ги најдат решенијата, да започне и да заврши со предлог измени на седум закони важни за медиумите до новата Влада, во рок од седум до десет дена.
Најверојатно е дека министерот ќе биде бомбардиран со технологија на оговарање и проби за мое лично дисквалификување, а јас одма да одговорам на три начина:
- Јас не сум кодошот на СЈО во случајот „Пропаганда“ и за мене покојниот сопственик на ВТВ –Валандово, Димче Балевски нема кажано дека лично сум му предал 30 илјади евра во кеш,
- Да, името на кодошот е предадено на неколку личности меѓу кои таткото на Христијан Мицковски- Премиер и братот на Владо Мисајловски- Министер за Одбрана;
- Велија Рамковски јавно призна дека:„Претеравме со новинарството“ и „Заедно со Младен Чадиковски (претседател на ЗНМ) преговаравме со Никола Груевски за конфигурација на Буџетот по мерак на Велија. Во затвор заглавија сите само Младен Чадиковски на слобода. Чудим???
За жал медиумите се на темната листа на разбирање од страна на обичниот граѓанин, а се на најцрната листа на консумирање на нивните проблеми кои се поврзани со демократијата од страна на политичари, и новинари кои сакаат да бидат политичари, како што напоменав претходно.
Впрочем Стефан Андоновски мора да разбере две работи поврзани со т.н. експерти за медиуми, посебно од тутунската мафија (Младен Чадиковски ) на ЗНМ:
- Ако имало реклами од Владата ќе биле корумпирани новинарите? Молим? ЗНМ (раководството) вика немојте да давате пари ние сме подложни на корупција!? Па, они се со паролата: „Сваки Кретен једе алву четен“. Па, законот за јавни набавки го дерогира нивниот закон за забрана за рекламирање на јавните институции;
- Бидејки се необразовно надградени за медиумска политика денешните експерти (раководството) на ЗНМ и остала ситна боранија ќе можат да настапуваат само како редачи на столчиња кај експертине за тарот карти во емисии за иднината. Во сегашноста они не се достојни ниту за лижење на остатоците од септичките јами кога некогаш ќе ги исчисти Комунална Хигиена.
Впрочем зошто ниту еден медиумски експерт не го повика Стефан Андоновски како јас, и да му каже дека во Македонија има нелегални 200.000 домаќинства приклучени на нелегални јавни комуникациски мрежи и така се крадат 40 милиони евра годишно.
Или пак зошто ниту еден не алрамираше во последниве 12 години дека во Македонија не се знае колкав е вкупниот рекламен буџет преку сите платформи. Замислете да го прашаат инвеститори Тимчо Муцунски за буџетот, нема да знае од кај да земе информација зошто ја нема и нормално може само да добива во време и да го повика неговиот заменик Зоран Димитровски-Жоро да му даде идеја кој би може во рок од шест месеци да комплетира информација.
Впрочем идејата за фондот „Од медиумите за медиумите“ е да државата добие точна информација колку се моќни со капитал медиумите и колкав е буџетот во рекламната индустрија. Дали Виктор тропа глупости? Стефан Андоновски слободно да му се јави на Дејан Кошутиќ, кој беше главен преговарач со медиумите во 2004-05 година и се ќе му објасни.
П.С. Во следната колумна прво лично ќе му се извинам на Љутков поради мојата нестрпливост за авторските права (која ќе ја објаснам научно), а он беше извонредно воспитан.
Почеток кон крајот на колумната
Во серијал од неколку колумни поврзани со следниве министри: Андоновски, Љутков, Божиновска, Меџити и Филков, ќе го изнесам моето мислење со цел да му помогнам на ова напатено општество дека досегашните власти од 1990 година станаа заложници на лажни експерти и сериозни криминилни групации кои за стотина „гроша“ ја продале Македонија во повеќе наврати. Се надевам дека овие министри ќе имаат уши да слушаат, очи да гледаат и чувство на разбирање кон сите граѓани на МАКЕДОНИЈА.
Стефан Андоновски иако млад, а нов министер каде му е доделена одговорноста околу медиумскиот и дел од телекомуникацискиот свет ќе мора да разбере дека има три златни правила кои овие закони ги решаваат, а тоа се:
- Држава наспроти граѓани
- Држава наспроти медиуми и телекомуникациски оператори
- Граѓани наспроти медиуми и телекомуникациски оператори
За да може да функционира новиот министер мора да разбере дека ЗНМ (раководството) веднаш ќе го лажат со нашето 36-то место во делот на слободата на медиумите и дека сме дошле до катарза. Ама реалноста околу развојот на медиумите е многу поинаква, односно е развојно на последно место во светот. Да разбираше раководството на ЗНМ што е новинарство и барем еден процент што значи бизнис во медиумите, ние денес немаше да имаме само развој на политичка дневно информативна програма. Намерно го уништија спортското, музичкото и документарно-образовното новинарство, а со нивното простачко его елементарно непознавање на сосотојбите ги сопреа медиумите во нивните развојни програми.
За тоа колку незнаат ќе придонесам со неколку ситуации и реченици кои се поврзани како водени садови.
Директорот на АЕК му сугерира на Александар Ацо Николовски, како министер, дека најавениот нов мобилен оператор морал да користи НАТО техничка структура. Ама не му кажува дека во Македонија благодарение на него и директорот на АВМУ има 200.000 домаќинства кои се нелегално приклучени на платформи за гледање телевизија. Со тоа се крадат 40 милиони евра. За да разберат овие двајца, па макар и со искрена тенденција да го лажат Ацо Николовски, мора да си ги прочитаат книгите од Ричард Гершон, Јан Валден и Џон Ејнџел каде е убаво објаснето за телекомуникациско право, регулатива и бизнисс стратегија Со тоа што не е дадена оваа информација и со погрешно брифирање на овој министер, мора веднаш да помогне Стефан Андоновски, а тој веднаш да ги превземе следниве обврски:
Во Македонија не е суштински изменет законот за медиуми од 2005 година. Тој мора да оди во насока на развој на домашните медиуми и нивна програмска понуда. Затоа се носат заклучоци и измени за комплементарни сервиси и дополнителни програмски сервиси, првенствено на традиционалните медиуми. Тие ќе создаваат програмска понуда на 650.000 домаќинства во Маккедонија и на 10 милиони домаќинства од Љубљана до Солун и од Драч до Варна и Констанца. Идејата е да Канал 5, Телма… и т.н. имаат уште по неколку канали и од тоа да наплаќаат. Не се воопшто поглупави од Пинк. Се знаат и имаат пари.
Антена 5, Канал 77… и т.н. да своите програми ги прилагодат како музички телевизии и плус да се легализираат Скај Фолк, Скај Поп и т.н. Зошто би ни биле потребни непотребни музички канали, плус услов да нашите се реемитуваат на подрачјето кое го споеменувам малку погоре.
Нетпрес и останатите да бидат лиценцирани, нивните редакции сами да создаваат и нивната најскапа реклама да биде 20 пати поефтина од најефитната реклама на сител.ком.мк како коплементарен канал на ТВ Сител.
Дејан Жуљ, Геро, Сашо, Кошевалиски, Пеџа, Мечка, Гаврилов, Трендо и др мора да разберат дека мора да бидат лиценцирани на слободниот пазар и дека законот за авторски права, медиумска концентрација, поврзани лица, сопственичка структура ќе ја повторат онаа легендаран изјава на Пепи Чемеригиќ од 1997 година – „За Шугите нема место“.
Тоа најлесно и најинвентивно го објасни Зоки Антена 5 во далечната 2004 година. На времето во Пелистер на кафе се идеше со Нова Македонија под мишка. Сега се иде со Лап Топ, а за кратко време има да се иде со телефон.
Јас ги слушам Американците и Германците што зборат на обуките. Другите се ѕверат во спротивниот пол. Создавање на фонд за медиуми – „Од медиумите за медиумите“. Сите лиценцирани согласно закон за медиуми (да се донесе во рок од 3 месеци) можат да побараат поврат на платеното ДДВ од државата во вредност од платени 18 %, да побара 13% за медиумот, а 5% за државата.
Државата нема право да го спречува, но има право да го контролира. Државата ќе ја знае целата економска моќ во движен и недвижен имот, како и целосната финансиска состојба преку жиро сметка или преку поврзани лица. За криминалци овде нема место.
Првите два принципа се следни. 20% рамномерно се доделуваат на вработените во медиумот, остатокот се употребува за програмски цели и се средства до кои медиумот неможе да дојде по вкалкулираниот и изреализираниот буџет.
Зошто мора ова да се случи? Медиумите се пред се’ браникот на одбрана на државата. Ако дојдеме до тоа полицијата и војската да не’ бранат, кои се на браникот, отиде се во мајчину.
Заклучокот побарај го горе во колумната.
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес