Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, на владина седница е именуван за нов директор на Царинската управа.
Богоев, на местото на директор на Царинската управа ја наследува Славица Кутиров која се повлекува од директорската функција во управата.
Тој претходно беше четири години градоначалник на скопски Карпош.