Стефан Ристовски доби место во тимот на сезоната во Хрватската лига (ФОТО)

Екипата на Динамо Загреб ја продолжи доминацијата во Хрватска и освои уште еден пехар во кој значајна улога имаше и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Ристовски беше меѓу најдобрите играчи на клубот од Загреб, а најдобар доказ за тоа се „наградите“ кои дефанзивецот ги доби.

Стефан се најде во идеалната единаесетка на сезоната во ХНЛ во која имаше место дури за уште шест негови соиграчи од Динамо.

Ливаја, Кровиниќ, Теклиќ и голманот Мајкиќ беа останатите кои се најдоа во одбрано друштво.