![Saso-Stefanoski1-533x400](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/Saso-Stefanoski1-533x400.jpg?resize=533%2C400&ssl=1)
Поранешниот директор на ФЗОМ, доктор Сашо Стефаноски, по трагедијата со смртните случаи на деца заболени од морбили, бара одговорност.
-Ова е трагедија од невидени размери! Сочувство до семејствата. Мора да се преземе одговорност за оваа ситуација во македонското здравство! Ова е недозволиво, неприфатливо и директна последица на неодговорност! Мора да има оставки! Тоа е најмалку што може во овој момент, напиша тој на својот Фејсбук профил.