Од ноември годинава бесплатно ин витро може да добијат и повеќедетните семејства. Во делот на ин витро постапките со измената на законот и со ослободување плаќање на партиципација се воведе уште една измена, а тоа е дека се дозволи ин витро постапка и за трето и четврто дете до три неуспешни обиди како што е и за прво и второ дете.
Директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски зема учество на вчерашната трибина „Реформите во ФЗОМ“ во организација на Институтот„Павел Шатев“.
Ин витрото е проект на Владата на Р. Македонија кој што го спроведува ФЗОМ кои што ние сметаме дека е еден од нашите стратешки столбови. Создадовме услови да им помогнеме на луѓето кои што не можат да зачнат плод и да добијат принова по природен пат и да се ставиме во функција да обезбедиме средства полесно да поминат преку тој процес, рече тој.
Од годинава бесплатно ин витро
Од 2008 година функционира овој проект, меѓутоа значајно е што оваа година со наша силна заложба и на Владата на Р.М се промени законот и од ноември 2015 година сите они кои што ќе добијат право на ин витро процедура ќе имаат 0 денари трошок да ја направат истата. Веќе нема да плаќаат ниту партиципација која претходно беше задолжително да се плати и изнесуваше 6000 денари . Од ноември 2015 година трошокот за партиципација комплетно го превзема ФЗОМ и ние ќе го плаќаме во име на нашите осигуреници Претходно постапката која што чинеше 74.000 денари ја плаќаше Фондот , заедно со партиципацијата од ноември 2015 година целиот трошок е на товар на ФЗОМ и околу 80.000 денари ФЗОМ им плаќа директно на центрите со кои што имаме склучено договор каде што осигурениците можат да одат и да ја извршат ин витро постапката со претходно добиен ваучер од ФЗОМ, истакна Стефаноски.
Бесплатно ин витро и за повеќедетните семејства
Тој посочи дека има огромен интерес за ин витро постапката и додаде дека светските искуства покажуваат дека граѓаните треба да знаат дека доколку имаат проблем од овој тип треба брзо да реагираат.
Во делот на ин витро постапките со измената на законот и со ослободување плаќање на партиципација се воведе уште една измена, а тоа е дека се дозволи ин витро постапка и за трето и четврто дете до три неуспешни обиди како што е и за први и второ дете. Со тоа сметавме дека ќе им дадеме шанса и на оние семејства кои што сакаат да го зголемат бројот на дечиња . Ин витрото за трето и четврто дете е значајно затоа што обично после одреден медицински проблем одредена фамилија иако сака не може да има принова. Со вештачкото оплодување и покрај одредени медицински проблеми кои што можеби ги имала некоја жена сега ќе може по вештачки пат да се спроведе и да се добие принова, истакна Стефаноски.