Стефановски не ја заврши трката во Ла Кастеле

По лошиот почеток на викендот во Ла Кастеле,  двајцата македонци на дебито во „ТЦР ЕВропа“ имаа уште полош крај. Игор Стефановски Иџе по вчерашното 7 место на легендарната патека „Пол Ришар“ во Франција денеска не ја заврши трката. Тој ја загуби контролата на излезот од правецот и со голема брзина се заби во заштината ограда.

Пуларниот Иџе го искрши своето „Хјундаи“ и предизвика излегување на безбедносното возили и црвени знамиња, трката беше стопирана за да се тргне возилото на нашиот, возач но и да со поправат бариерите. Пред жестокиот судар, Игор Стефаноски одлично напредуваше по стартот од 11. позиција и имаше шанси за нов добар резултат, но сето тоа падна во вода.

По рестартот на трката, до победа во драматична завршница стигна Душан Борковиќ, кој со одличен маневар изби на првото место на неколку круга пред крајот.

Вториот Македонец во „ТЦР Европа“, Виктор Давидовски исто така не ја заврши трката. Неговите проблем започнаа на самиот старт и се излизга уште при кругот за загревање.