Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски попладнево оддржа средба со Татјана Ковачич, овластен министер во амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.
На средбата градоначалникот Стефковски го информираше овластениот министер на Република Словенија дека општина Гази Баба е подготвена да донира финансиска помош и да испрати два тимови за справување со поледиците од поплавите во Словенија.
За средбата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА СО ДИРЕКТНА ПОМОШ ЗА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА КОЈА Е ПОГОДЕНА ОД ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ.
Попладнево оддржав средба со Татјана Ковачич, овластен министер во амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.
На средбата се информирав за состојбата во која се наоѓаат најпогодените места во Словенија, а вооедно истакнав дека општина Гази Баба е подготвена да донира финансиска помош за справување со последиците од поплавите, како и да испрати два тимови на луѓе, подготвени да помогнат на засегнатите граѓани.
Согласно разговорот од средбата, ја информирам јавноста и граѓаните дека ќе поднесам иницијатива до Советот на општина Гази Баба за доделување на финансиска помош за Република Словенија, а во консултација со надлежните институции ќе ја разгледаме можноста за испраќање на два тимови кои ќе помогнат во справувањето со последиците.
Хуманоста и солидарноста се водилка во нашата работа. Република Словенија ја покажа својата хуманост и солидарност со директна помош во 2016та година, кога нашата Гази Баба беше погодена од поплава која нанесе сериозна материјална штета, а за жал однесе и човечки животи.
Општина Гази Баба не заборава кој подал рака, тогаш кога ни било најпотребно. – напиша Стефковски.