![stefkovski-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/stefkovski-1.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Утрово направив увид во градежните работи за изградба на втората фаза на фекална канализација во населеното место Гоце Делчев. Во втората фаза се опфатени улиците 203, 202 и дел од улица 200. Инвестицијата е вредна 10.603.377 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба, информираше преку Фејсбук објава, Бобан Стефковски граодначалникот на општина Гази Баба.
Тој напиша дека се инвестира во секое населено место.
– Гази Баба се гради и менува. Ова е само почеток, следуваат години на развој и напредок насекаде низ нашата Гази Баба, додава Стефковски во својот Фејсбук статус.