Стефковски и Велковски на марш по скопските улици за поддршка на лицата со Мултиплекс склероза

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски и Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски утрово учествуваа на маршот за подигање на јавната свест, остварување на правата и создавање кохезија во заедницата за лицата со Мултиплекс склероза, Параплегија и Дистрофија.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук каде што напиша:

РАЗЛИЧНОСТИТЕ ОБЕДИНУВААТ! ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!

Утрово по повод меѓународниот ден на Мултиплекс склероза чекоревме по улиците на Скопје заедно со членовите на Мобилност Скопје.

Со маршот испраќаме силна поддршка за подигање на јавната свест, остварување на правата и создавање кохезија во заедницата за лицата со Мултиплекс склероза, Параплегија и Дистрофија.

Заедно со министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски ја искажавме нашата поддршка на барањата на оваа категорија на граѓани.

Новата Влада на Република Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе посвети особено внимание на реализацијата на барањата на овие лица.

Ние сме различни, а сепак исти. Мојата поддршка кон остварување на своите права овие луѓе ја имале, ја имаат и ќе имаат!

Во мене овие луѓе имаат партнер и сојузник! – напиша Стефковски.