Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со тим од канцеларијата на Светска банка и проектната канцеларија на МСИП 2 направија увид во градежните активности на изградбата на секундарната фекална мрежа и пречистителна станица во населеното место Смилковци.
-Еден од клучните приоритети во мојот мандат ќе биде сите населени места во Општина Гази Баба да добијат фекална канализација – напиша на својата официјална фејсбук страна градоначалникот Стефковски.