Стефковски: Нема да дозволам Гази Баба да прерасне во депонија

За состојбата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ДА ПРЕРАСНЕ ВО ДИВА ДЕПОНИЈА! ЈКП ГАЗИ БАБА ЌЕ ДЕЛУВА НА ТЕРЕН!

Поради нефункционалноста на ЈП Комунална хигиена на повеќе локации низ општина Гази Баба околу контејнерите за смет се направени диви депонии.

Со оглед на тоа дека ваквата состојба трае веќе неколку недели, а ЈП Комунална хигиена не постапува за подигање на комуналниот смет, утрото го задолжив директорот на ЈКП Гази Баба веднаш да излезат на терен и да се собере целиот комунален отпад кој се наоѓа околу контејнерите за смет!

Нема да дозволам поради нечија неспособност, општина Гази Баба да прерасне во дива депонија!

Фотографиите за моменталната состојба се доказ дека револтот на граѓаните е оправдан, а ние постапуваме во интерес на граѓаните со цел да спречиме ширење на зарази, неподнослив мирис и слично.

Јавно апелирам и барам, ЈП Комунална хигиена да го почитува утврдениот распоред за подигање на комуналниот смет од улиците! – напиша Стефковски.