Стефковски: Поставуваме по барањата на граѓаните, Гази Баба ќе биде еколошки чиста општина

Вчерашниот ден беше работен во Гази Баба.

Градоначалникот Бобан Стефковски објави дека во текот на целиот ден екипи на ЈКП Гази Баба работеле во повеќе населени места низ Гази Баба.

-Заедно со вработените од ЈКП бев во ,,Кадриово маало’’ каде што се расчистуваше дивата депонија.
Освен во Кадриово маало, денес ги превземавме и следните активности:
– Чистење на паркови во Автокоманда
– Чистење на дива депонија во Кирил Петрушевски
– Чистење на јавни површини во Идризово
– Поставување корпи за отпадоци во Дрма
– Поставување на клупи во Хиподром 2
– Уредување на паркот пред Црквата Св. Кузман и Дамјан во Триангла.
Гази Баба се менува. Екипите се на терен и се постапува по барањата на граѓаните. Општина Гази Баба ќе биде еколошки чиста општина, објави Стефковски.