Стефковски: Тече третата фаза од изградба на фекална канализација во Црешево

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека направил увид на градежните работи за изградба на третата фаза на фекалната канализација во населеното место Црешево.

Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:

РЕШЕН УШТЕ ЕДЕН ДЕЦЕНИСКИ ПРОБЛЕМ. ЦРЕШЕВО ДОБИВА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА.
Со задоволство можам да кажам дека решаваме уште еден децениски проблем на граѓаните.
Направив увид на градежните работи за изградба на третата фаза на фекалната канализација во населеното место Црешево.
Вредноста на реализацијата на овој проект изнесува 17.000.000 денари, средства определени од буџетот на општина Гази Баба.
Со реализацијата на оваа фаза од проектот со која се гради нова мрежа на фекална канализација во должина од 3100 метри, секое домаќинство во Црешево добива фекална канализација.
Реализацијата на овој проект е уште еден показател за мојата решителност за решавање на децениските проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
Од почетокот на мојот мандат во Црешево ги реализиравме првата и втората фаза за изградба на фекална канализација. Кога започнавме со реализација на проектот граѓаните не веруваа дека за само две години Црешево ќе има нова мрежа на фекална канализација, а денес тоа веќе станува реалност. – напиша Стефковски.