Посебно сум среќен што денес имав можност да ги поделам бесплатните ученички униформи на учениците во општинското основно училиште Наум Наумовски Борче.
Ова е за прв пат, општина Гази Баба да обезбедува бесплатни ученички униформи за сите 6800 ученици.
Со реализацијата на овој проект обезбедуваме социјална еднаквост и на еден начин ги надминуваме економските и класните разлики кои можеби постојат помеѓу семејствата и овозможуваме тоа да нема никакво влијание врз учениците.
Приоритетна активност на учениците останува да биде зголемување на знаењето.
Како градоначалник на општина Гази Баба сум посветен на создавањето на амбинет во кој учениците за време на престојот во училиштата ќе се чувствуваат пријатно, еднакво и без никакви предрасуди.
Проектот бесплатни ученички униформи беше дел од мојата изборна програма со која ја побарав довербата од граѓаните и од денес тој станува реалност, што претставува доказ дека дадените ветувања се исполнуваат, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.