Стефковски воведува 24 часовна линија за разни пријави

По голем број реакции и забелешки од граѓаните, од утре 02.04.2022 година се става во функција телефонскиот број 075-346-932 на кој граѓаните ќе имаат можност 24 ЧАСА да пријават депонирање и палење отпад на јавни површини или било какви прекршувања на Законот кои се во надлежност на општина Гази Баба, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Пријавата граѓаните можат да ја направат со смс порака, порака на вибер или со телефонско јавување. Инспекторите ќе бидат должни да реагираат веднаш, а до мене како градоначалник секој петок ќе доставуваат извештај за примени пријави и за постапувањето по примените пријави. Со отворањето на оваа линија услугите на општината од областа на инспекторатот ги доближуваме до граѓаните. Барањата на граѓаните се и мои барања. Секое барање, реакција или забелешка дадена од граѓаните се разгледува и по истите со цел нивно решавање се постапува, истакна Стефковски.