Стефковски: Вработените во МТСП се под голем политички притисок

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира за притисоци кон вработените во Министерство за труд и социјална политика за носење незаконска одлука за одземање на ингеренциите на градинката Детска радост.

„До мене пристигнуваат информации дека вработените во Министерство за труд и социјална политика се под силен притисок на раководството на министерството за донесување на незаконска одлука за одземање на ингеренциите за детската градинка Детска радост во Автокоманда. Информациите говорат дека дел од вработените биле принудени да користат боледување со цел да ги избегнат притисоците.

Сакам јавно да апелирам до Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска да не води политичка борба врз грбот на децата во градинките.

За секоја незаконска одлука ќе има ревизија, а потоа и одговорност. Заштита на незаконско работење не смее да има за никого“! – напиша Стефковски.