
-Во услови на сериозна економска криза, општина Гази Баба во изминатите три години преку најразлични мерки подаде рака на своите жители и 54 милиони денари ги врати директно на сметка на граѓаните. Субвенции за велосипеди, инвертер клима уреди, печки на пелети, електрични тротинери, соларни колектори, чистење на оџаци и субвенции за вградување на уреди за течен нафтен гас во возилата се мерките од областа на животната средина преку кои вративме средства директно кон граѓаните, изјави градоначалникот на општината, Бобан Стефковски, на својот фајсбук профил.
Еднократна парична помош за секое новороденче, еднократна помош за секое прваче, еднократна помош за семејства кои се соочиле со несреќа и болест, финансиска поддршка за семејства во социјален ризик и финансиска поддршка за пензионерите со ниски пензии се мерките од областа на социјалната заштита преку кои вративме средства директно кон граѓаните.
Изминатите три години преку нашето одговорно, посветено и чесно работење на дело покажавме дека постоиме за граѓаните – напиша Стефковски на фејсбук и додаде дека, Општина Гази Баба и оваа година продолжува со имплементација на програмите за субвенционирање на граѓаните и социјална заштита преку кои ќе продолжи трендот на враќање на средства од општинскиот буџет кон граѓаните.