
На 31 октомври ќе се оддржи вториот круг на локални избори за избор на градоначалник на Градот Скопје. Сакам да Ве повикам масовно да излезете на гласање и да дадете поддршка за Данела Арсовска за идна градоначалничка на Скопје со гласање за бројот 82, истакна Бобан Стефковски, идниот градоначалник на општина Гази Баба.
-Реализацијата на голем број на проекти кои се од особено значење за жителите на Гази Баба зависи директно од Градот Скопје. За да можеме да реализираме се од ветеното, потребно е да се заокружат промените со победа на Данела Арсовска во Градот Скопје. Заедно до победа на Данела. За наша Гази Баба и за наше Скопје!, пишува Стефковски на Фејсбук.