„Утрово започнаа градежните активности за реконструкција и ревитализација на улицата Модест Мусоргски во Триангла.
Многу луѓе по примерот на чичко Драган секојдневно ми даваат поддршка кога одам на терен за реализацијата на проектите, а дел од нив се и изненадени бидејќи ветените проекти се реализираат.
Оваа улица е изградена по земјотресот во 1963 година и по 60 години истата добива нов модерен и урбан лик.
Со градежните активности за реализација на овој проект се предвидува асфалтирање на коловозот и изградба на пешачки патеки со павер елементи од двете страни на улицата.
Вредноста на договорот е 4.000.000 денари, средства определени од буџетот на општина Гази Баба.
За време на изборите склучив сојуз со граѓаните и тие се мојот мотив и извор на енергија да продолжам да ја водам Гази Баба по патот на напредокот и развојот.
Граѓаните немаат повеќе време за чекање. Секое населено место заслужува подобри услови за живот. Од ден за ден, сонот на граѓаните за поубава Гази Баба станува реалност!
Со срце за нашата Гази Баба!“