Стефковски: Започна со изградба првиот голем мултифункционален парк на 2000 метри квадратни во Триангла

Започна со изградба првиот голем мултифункционален парк на 2000 метри квадратни во Триангла. Денеска означуваме почеток на изградбата на првиот голем мултифункционален парк на територија на општина Гази Баба, објави градоначалникот на оваа скопска општина Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Паркот се гради меѓу пешачката патека и општинското основно училиште Наум Нумовски Борче на површина од 2000 метри квадратни.

Во рамки на паркот ќе има повеќе содржини, комплетно хортикултурно уредување, ќе се изградат патеки со павер елементи, ќе се постави ново улично осветлување, летниковец и повеќефункционална фонтана.

Ќе се постават и повеќе реквизити за детска забава, додека на другиот крај од паркот ќе се изгради и парк за миленичиња.

Со изградбата на мултифункционалниот парк ќе се изврши урбанизација на овој простор на кој во минатото често се депонираше отпад.

Овој мултифункционален парк за жителите на Триангла, Маџари и цела општина Гази Баба ќе преставува нов уреден простор за одмор и рекреација.

Општина Гази Баба ќе продолжи со инвестициите во зголемувањето на парковските површини.

Изградбата на вакви мултифункционални паркови ќе продолжи и во други населени места“, објави Стефковски.