
„Провокативната реторика“ на Анкара во врска со обидот за преврат во Турција не е од корист, велат од Американскиот Стејт департмент,
Стејт департментот ги коментираше тврдењата на некои турски медиуми дека тинк-тенк од Вашингтон стои зад неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули.
– Ваквите теории на заговор и провокативната реторика во никој случај не се од корист, изјави портпаролот на Стејт департментот, Елизабет Трудо, коментирајќи ги извештаите, според кои тинк-тенк центарот „Видро Вилсон“ стои зад обидот за пуч во Турција.
– Ги очекуваме сите страни – медумите, цивилното општество, турската Влада да се однесуваат одговорно во своите изјави по тие прашања, додаде Трудо, пренесува МИА.
Таа нагласи дека и покрај ова САД сметаат дека партнерските односи и пријателството со Турција се на здрави темели.