Ете бидејќи немате никакви факти се откажавте од реплики и контрареплики. Ајде да не се лажеме. Ајде да не се лажеме меѓусебно и да не ги лажеме оние кои што гласале. Да не ја лажеме целата македонска јавност. Целта на СДСМ овие три дена е да ја дефокусира расправата од изјавите на лидерите кои што се веќе во нивната коалиција. Дека албанска платформа постои и тоа се удари кои што не можеа никако да ги премостат и мораа да ја дефокусираат дискусијата, рече птратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ.
Стевананџија исто така додаде дека доколку пратениците од СДСМ не ја блокираа седницата со процедурални забелешки денес скоро половина од пријавените пратеници за дискусија ќе беа завршени.
За волја на вистината ако овие три дена работевме така како што работевме предходните седум, осум дена голем дел од овие што се пријавени за дискусија денеска ќе го завршеа своето деловнички и уставно загарантирано право да ги кажат своите ставови и да дебатираат така како што вели Заев во многу интервјуа.
За воља на вистината и она што го бараат кај што не е деловнички, кај што не е уставно, туку е и апсурдно. Еве што сакаат нашите колеги од СДСМ. Да сме ја оставеле точката три и да сме оделе на точка четири и тоа без изгласана комисија, да сме избереле претседател на Собранието. Вие сакате Собранието да го претвориме во циркуз, додаде Стевананџија.