Пратеникот Димитар Стевананџија потсетувајќи ја јавноста на хронолошкиот развој на аферата со фалсификувани лични карти, јавно праша зошто СДСМ несака да се исчисти од срамот кој и го донесе Фабриката за афери. Тој ги праша колегите од СДСМ зошто не помогнат да се реши аферата за да може да имаме избори без дамка.
Саздов: СДСМ несака вистината да се открие
Пратеникот Павле Саздов повлече паралела – анкетната комисија за прислушувањето треба да ја утврди одговорноста на политичарите, истото треба да го стори и анкетната за фабриката за афери на СДСМ.
Тој ги обвини пратениците на опозицијата дека го попречуваат работењето на анкетната која тие сакаа да се формира, а го попречуваат формирањето на втората анкетна. Саздов заклучи дека СДСМ несака вистината да се открие ни во првиот, ни во вториот случај.