Стево Пандаровски избега од соочување со Никола Попоски

Најголемата македонска опозициона партија која отворено се залага и бара телевизиски дуели и соочувања за време на изборни кампањи, повторно одбива да седне на иста маса со претставници на владејачката партија, објави ТВ НОВА.

sdsm-pokana

Заложбите на СДСМ за телевизиски соочувања на кои во ТВ Нова секогаш сите партии имаат можност да ги искажуваат своите ставови и аргументи на разни теми, остануваат само празни зборови со оглед на тоа дека на сите покани упатени пред воопшто да започне предизборната кампања, одбија да одговорат и столчето во отвореното студио на ТВ Нова остануваше празно.