
Македонскиот претседател Стево Пендаровски упати писмо до Цариград кај вселенскиот патријарх по повод почетокот на Новата црковна година и побара афтокефалност за Македонската православна црква.
„Упатив и барање да го уважи нашиот повик и да го употреби своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот.а вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето“, се вели во писмото на шефот на државата.
Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици, се додава во истото.
Пендаровски го информира Цариградскиот Патријарх дека државата напреднала во споровите со соседите во последните три години и дека решила да ги остави зад себе историските несогласувања и да спроведува добрососедска политика.
-Ви се обраќам во името на голем дел од моите сограѓани коишто се идентификуваат како православни христијани и чија единствена желба и потреба е да се смират со своите ближни и да се упатат кон заедничката иднина, кон соживотот и кон вистинската слобода. Во оваа насока би сакал да упатам барање до Вашата Сесветост да го уважи повикот на нашиот благочестив народ и на нашата Црква да го употребите своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот, напиша шефот на државата.
-Ви посакувам здравје среде големата неизвесност со здравствената криза што го зафати целиот свет, додаде тој во писмото.