Стигнати се 20.000 обрасци за пасоши, до крајот на месецов се очекува поголема пратка

Во Министерството за внатрешни работи стигнати се 20.000 обрасци, а до крајот на месецот се очекува да стигне дополнителна поголема пратка, изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.

Тој тврди дека никој никого не саботира, а дента кога Тошковски застанал на министерската позиција, стигнале 50.000 обрасци, потоа пред некој ден стигале уште 20.000, а до крајот на месецот се очекува оголема пратка. Исто така, вели Бојмацалиев, и во јуни доаѓа голема пратка што ќе ги задоволи сите потреби за граѓаните, оние кои се сликале да ги добијат документите.

Заменик министерот додаде дека до овој момент над 1.300.000 граѓани ги смениле патните исправи.