
Светската музичка ѕвезда Стинг откажа уште еден концерт предвиден за вечерва во Минхен поради влошена здраствена состојба.
Како што е наведено на неговата интернет страница, Стинг искрено жали за откажувањето, но и дека навистина не се чувствува добро, а лекарите го советувале да не настапува.
Во понеделникот британскиот музичар го откажа инастапот во Белгија, кадешто требаше да се појави на еден џез фестивал.