Познатиот британски музичар Гордон Метју Томас Самнер, попознат како Стинг (69), не се сомнева во ефикасноста на вакцините и вели дека е многу опасно да им се каже на луѓето да не веруваат во вакцини.
– Секој има право на свое мислење. Сепак, мислам дека е опасно да им се каже на луѓето: Не верувајте во вакцините. Мислам, од каде доаѓа тоа? Не сум сигурен дека науката го поддржува тоа – рече Стинг за Лос Анџелес Тајмс.
– Јас сум доволно возрасен за да се сеќавам на детска парализа, односно деца од мојата улица кои беа осакатени од болеста, а која подоцна брзо беше истребена со вакцините. Така, јас воопшто нема да се мешам со луѓето кои се сомневаат во ефикасноста на вакцините – додаде Стинг.
Британецот сѐ уште не може да каже по кој курс ќе се движи музичката сцена.
– Во моментов треба да почекаме и да видиме што ќе се случи. Секој треба да се чувствува безбеден – публиката, изведувачите, луѓето што работат во организацијата на концертот … Се надевам дека вакцините ќе ја завршат својата работа додека не започне моментот на музичкото шоу. Јас сум голем поборник за вакцини – рече Стинг.