Триесетгодишен штипјанец е уапсен во петокот, откако во раните попладневни часови нападнал полициски службеници на должност, информира во саботата Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се одиграл вчера околи 16,10 часот на улицата „Кочо Рацин“ во Штип, кога триесетгодишникот идентификуван со иницијалите Д.Ќ.(30) физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејства.
Лицето било лишено од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.