Штипјанец паднал од скеле

Штипјанец паднал од скеле. При изведување градежни работи на објект во изградба на улицата „Гоце Делчев“ во Штип вчера околу 12 часот А.Ј.(50) од Штип паднал од скеле и се здобил со повреди.

Како што информира МВР, поради карактерот на повредите А.Ј. е пренесен во Ургентен центар-Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.