Штипјанец се заканувал со пушка среде улица

пушка

Триесет и деветгодишниот М.И. вчера на улицата „Јани Лукровски“ бил нападат од страна на непознато лице вооружено со пушка.

Додека заедно со својот пријател се возел во возило марка „пасат“, од друго возило излегло лице кое започнало да упатува вербални закани, по што вперил пушка – пумпарица кон возилото на пријавителот и по кратко време заминал.

Од страна на единицата „Алфа“ напаѓачот е пронајден и приведен по што е утврдено дека се работи за Б.М.(34) од Штип.

Со лицето е извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.